Eşref Musa
23 Март 2021•Ажурирај: 23 Март 2021
РАС АЛ АЈН
Еден цивил загина во експлозија во североисточниот сириски град Рас ал Ајн, на самата граница со Турција. Се претпоставува дека зад нападот стојат терористите на ЈПГ/ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што дознава новинарот на АА, во Рас ал Ајн, кој се наоѓа недалеку од сирискиот град Хасека, дојде до терористички напад со автомобил бомба.
Во експлозијата што се случи во близина на зградата на локалната воена полиција, во центарот на градот, загина еден цивил.
Иако уште не е потврдено, се претпоставува дека нападот го извела терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Рас ал Ајн е ослободен од терористите на ЈПГ/ПКК на 12 октомври 2019 година во текот на турската операција „Извор на мирот“.
Терористите, меѓутоа, продолжија да ја напаѓаат таа област и градот Тал Абјад, и покрај повлекувањето од граничните области по преговорите меѓу САД и Турција на 17 октомври 2019 година.
Во кампањата против Турција, што трае подолго од 30 години, ПКК, која е прогласена за терористичка организација во Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и бебиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Од 2016 година, Турција спроведе три успешни антитерористички операции покрај својата граница во северна Сирија за да се спречи формирање на терористички коридор и да се овозможи мирно населување на жителите, а тоа се „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).