Büşra Selvi Öğütcen
23 Март 2021•Ажурирај: 24 Март 2021
АНКАРА
Бројот на оздравени од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 100 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“, 100.369.788 лица успеаја во битката против Ковид-19.
Првите пет земји во светот во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, се исто така земји каде се регистрирани најмногу оздравени пациенти.
Во САД оздравеа 22.846.556 лица, во Индија 11.181.253, во Бразил 10.507.995 и во Русија 4.088.045 лица.
Меѓу другото, во Турција од вирусот се излекуваа 2.844.681 лица.
Бројот на оние кои оздравеа во Велика Британија е 3.694.155, Шпанија 2.987.474, Италија 2.732.482, Германија 2.433.800, Колумбија 2.235.343, Аргентина 2.037.686, Мексико 1.740.254, Полска 1.693.875 и Иран 1.549.649.
Во светот 21.288.718 лица се во процес на лекување.
Бројот на откриени случаи на вирусот во светот изнесува 124.396.254, додека како последица на Ковид-19 досега починаа 2.737.748 лица.