Hasan Esen
23 Март 2021•Ажурирај: 24 Март 2021
ЛОНДОН
Агнес Каламард, специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за вонсудски и арбитрарни егзекуции, истакна дека добивала закани со смрт од висок саудиски службеник поради нејзиниот извештај за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за весникот „Гардијан“, Каламард рече дека во јануари 2020 година, висок саудиски службеник на состанокот во Женева, Швајцарија, изјавил дека „ќе се интересира за неа доколку не се заузди“.
Истакнувајќи дека овие информации ги добил еден колега, Каламард рече дека таа изјава ја сфаќа како смртна закана и дека тоа така се разбрало.
Истакнувајќи дека заканата е упатена на состанокот на кој присуствувале саудиските дипломати, саудиските претставници и официјалните претставници на ОН во Женева, Каламард рече дека за време на состанокот била критикувана нејзината работа во случајот со убиството на Кашоги и дека бил искажан гнев кон неа.
Известувачката на ОН, исто така, додаде дека властите во Саудиска Арабија лажно тврдат дека таа добила пари од Катар.
Каламард, меѓу другото, истакна дека некои саудиски официјални лица, по реакцијата на претставниците на ОН, нагласиле дека таа изјава не треба да се сфаќа сериозно.
Таа, исто така, рече дека заканите не ја спречуваат да ја врши својата работа.
„Убиството на Кашоги е вонсудска егзекуција за која е одговорна Саудиска Арабија“, истакна Каламард во нејзиниот извештај објавен во јуни 2019 година.
Новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, е убиен во комплексот на Саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври 2018 година. Кашоги тој ден влегол во Конзулатот на закажан термин поради вадење на потребните лични документи за да може да се венча.