свет, Операција Извор на мирот

Сирија: Граѓанскиот совет ќе ја преземе власта во ослободениот Тел Абјад

Како дел од операцијата „Извор на мирот“ во неделата од терористите на ЈПГ/ПКК беше исчистено централното подрачје на Тел Абјад, кој се наоѓа во непосредна близина на турската граница

Mahmoud Barakat  | 18.10.2019 - Обновена : 19.10.2019
Сирија: Граѓанскиот совет ќе ја преземе власта во ослободениот Тел Абјад

Тел Абјад (АА) - Командантите на Сириската национална војска (СНВ), заедно со локалници заедници во Тел Абјад во северна Сирја се согласија да формираат граѓански совет за управување со сирискиот град, јавува Anadolu Agency (AA).

Како дел од операцијата „Извор на мирот“ во неделата од терористите на ЈПГ/ПКК беше исчистено централното подрачје на Тел Абјад, кој се наоѓа во непосредна близина на турската граница.

Претставниците синоќа дискутираа за формирање на привремен локален совет составен од членови кои ги претставуваат сите жители на Тел Абјад, кој беше окупиран од страна на ЈПГ/ПКК повеќе од четири години.

Сириската национална војска во меѓувреме останува во контрола на градот сѐ додека не се формира локалниот совет.

Командатот на СНВ, Јусуф Абдуд, за АА изјави дека работат на враќање на сите услуги во градот.

„Имавме пекарници кои работеа вториот ден по заземањето на градот. Болниците продолжија со своите услуги, онаму каде што застанаа. Сега се подготвуваме да воспоставиме локален совет“, изјави Абуд.

„Му ветуваме на нашиот народ дека сѐ ќе биде подобро“, додаде тој.

- Животот во Тел Абјад се враќа во нормала -

Секојдневниот живот во Тел Абјад се враќа полека во нормала.

На сликите од градот се гледаат отворени продавници, од пекарници и бакалници до ресторани и продавници за облека, како и движење на жени и деца на неколку фреквентни улици.

Цивилите продолжуваат да се враќаат во градот од релативно безбедносните области во близина, во кои беа засолнети поради неодамнешните напади на ЈПГ/ПКК.

Еден од цивилите кои се вратија во градот за АА изрази задоволство што градот бил ослободен од терористите на ЈПГ/ПКК.

„Ни покажаа пекол. Тие не дозволуваа премин за нашите возила и моравме да плаќаме 200 сириски лири за да поминеме“, рече цивилот.

„Нивниот расизам беше надвор од границите“, изјави тој, додавајќи: „Ние, Арапите, не сакаме да наметнуваме расизам кон Курдите.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.