свет

Сирија: Во режимските напади во зоната во Идлиб загинаа 6 цивили

Припадниците на Цивилната заштита („Бели шлемови“) соопштија дека шест цивили загинале во воздушните напади изведени врз Џиср аш-Шугхур, Саракиб, Сфухен, Ас Шахин и Ал Хаваи

Ekipa  | 23.05.2019 - Обновена : 23.05.2019
Сирија: Во режимските напади во зоната во Идлиб загинаа 6 цивили

ИДЛИБ (АА) - Во воздушните напади кои доцна синоќа ги изведоа авионите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, врз деескалациската зона во Идлиб загинаа шест цивили, јавува Anadolu Agency (AA).

Локалните извори наведуваат дека режимските сили, составени од војската на Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од Иран, доцна синоќа извршија напади врз подрачја во Идлиб и Хама.

Припадниците на Цивилната заштита („Бели шлемови“) соопштија дека шест цивили загинале во воздушните напади изведени врз Џиср аш-Шугур, Саракиб, Сфухен, Eс Сахин и Ел Хавиџе.

Во март 2015 година, опозицијата воспостави контрола врз Идлиб, чиј број на население од миграциите кон тоа подрачје се зголеми на 4 милиони. Истовремено, Идлиб е едно од подрачјата каде што силите на режимот најчесто изведуваат напади.

На состанокот на претставниците на Турција, Русија и Иран, одржан на почетокот од мај 2017 година во Казахстан, Идлиб и околината беа прогласени за зона на деескалација на судирите. По режимските напади кои го прекршија процесот на примирјето започнат во овие рамки, Турција и Русија постигнаа дополнителен договор.

И покрај Договорот од Сочи потпишан на 17 септември 2018 година, силите на режимот, со помош на сојузниците продолжуваат со нападите. Нападите се интензивирани за време на 12. состанок на Турција, Русија и Иран, одржан на 25 и 26 април во Нур-Султан (Казахстан). Нападите продолжија, а податоците на Цивилната одбрана покажуваат дека во нив од 25 април загинале најмалку 195 цивили, а дека над 485 се ранети. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın