свет

Израел за рибарите од Газа ја намали риболовната зона

Во соопштението на израелската војска се наведува дека рибарската зона за рибарите во Газа е намалена од 15 на 10 наутички милји

Mustafa Deveci  | 23.05.2019 - Обновена : 24.05.2019
Израел за рибарите од Газа ја намали риболовната зона

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел на рибарите во Газа ја намали рибарската зона на 10 наутички милји, а како причина се наведени балоните со запалив материјал од Појасот Газа, јавува Аnadolu Agency (AA).

Во соопштението на израелската војска се наведува дека рибарската зона за рибарите во Газа е намалена од 15 на 10 наутички милји.

Кажано е дека одлуката е донесена поради балоните со запалив материјал кои од Газа се пратени на израелската страна, каде што се предизвикани пожари.

Тел Авив, по пишувањата на локалните медиуми дека е постигнат договор со Хамас, донесе одлука за проширување на рибарската зона за рибарите од Газа од 12 на 15 наутички милји.

Израел, Појасот Газа, во кој живеат околу 2 милиона Палестинци, од 2006 година го држи под копнена, морска и воздушна блокада. Податоците на Синдикатот на палестинските рибари покажуваат дека во Газа со рибарство се занимаваат околу 4 илјади лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.