Zeynep Beyza Kılıç
23 Мај 2019•Ажурирај: 24 Мај 2019
ЛОНДОН (АА) - Владата на Велика Британија ќе ги забрани пластичните сламки, мешалките за пијалаци, како и пластичните стапчиња за уши од април 2020 година, со цел да го намали пластичниот отпад, истакна британскиот секретар за животна средина, Мајкл Гоув, јавува Anadolu Agency (AA).
Забраната, која треба да обезбеди подобра животна средина за идните генерации, нема да важи за лицата со медицински потреби или со попреченост, кои ќе можат да продолжат со користење на пластични сламки.
Според тоа, на регистрираните аптеки ќе им биде дозволено да продаваат пластични сламки и онлајн.
Одлуката беше донесена по отворената консултација која откри дека над 80 отсто од испитаниците ја поддржаа забраната за дистрибуција и продажба на пластични сламки, 90 отсто ја поддржаа забраната за пластични мешалки за пијалаци, додека 89 отсто ја одобрија забраната за пластичните стапчиња за уши обложени со памук.
Според податоците на Одделот за животна средина, храна и рурални прашања, се проценува дека на годишно ниво во Велика Британија се користат 4,7 милијарди пластични сламки, 316 милиони пластични мешалки за пијалаци и 1,8 милијарда пластични стапчиња за уши.
Околу 10 отсто од памучните стапчиња за уши се фрлаат во тоалетите и можат да завршат во водотеците и океаните.