Ekipa
03 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
АЗАЗ (АА) - Четири лица загинаа, а четворица цивили се ранети во напад со автомобил-бомба изведен во близина на зградата на сириската опозициска влада во Азаз, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарoт на АА јавува дека во близина на џамијата Мејтем и близу зградата на опозициската влада експлодирало паркирано возило.
Експлозијата предизвика материјална штета на надворешните ѕидови од дворот на џамијата, а штета е предизвикана и врз околните возила.
Лекар од болницата „Хасан Убејд“ за АА изјави дека меѓу загинатите е и член на Слободната сириска полиција, а во тек е лекувањето на ранетите цивили.
Премиерот на опозициската влада, Џавад Абу Хатаб, изјави дека во Азаз имале состанок, но поради безбедносни причини, средбата се одржала на друго место.
„Објектот не е оштетен. Немаме доволно информации кој е извршител на нападот“, рече Хатаб.
Тој додаде дека цел на извршителите на нападот е сирискиот народ, и потсети дека пред два месеца врз објектот на владата е извршен напад со тешка артилерија.
„Претходно, канцелариите во Дера беа цел на нападите од страна на ДЕАШ. Во нападот загинаа 10 вработени во владата, меѓу кои и еден министер. Покрај тоа, нашите канцеларии во Идлиб беа цел на руските воздушни напади“, додаде Хатаб.