Ömer Koparan,Ethem Emre Özcan
06 Август 2021•Ажурирај: 08 Август 2021
БАБ
Според првичните извештаи, 17 лица се повредени во ракетните напади извршени од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК врз центарот на подрачјето на Баб во северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
ЈПГ/ПКК изврши повеќе од 10 ракетни напади во интервали од по 5 минути врз центарот на Баб, кој беше ослободен од терористите со операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Според првичните извештаи, 17 лица се повредени во нападите врз зони каде што живеат цивили.
Во нападите кои се изведуваат од зоните окупирани од ЈПГ/ПКК, на многу места во подрачјето настаната е материјална штета.
Во пожарот што избувна во куќите каде што живеат цивили во центарот на Баб, интервенираа екипите на Цивилната одбрана (Бели шлемови).
Повредените се префрлени во околните болници.
Инаку, двајца цивили загинаа, а двајца беа повредени во ракетниот напад извршен од терористичката организација ЈПГ/ПКК врз две цивилни возила вчера во попладневните часови.
Баб во северниот дел на Сирија беше расчистена од терористичката организација ДЕАШ во февруари 2017 година, како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“.