Mücahit Oktay
06 Август 2021•Ажурирај: 09 Август 2021
ЊУЈОРК
Шумскиот пожар, кој трае околу три недели во американската сојузна држава Калифорнија, претвори во пепел еден историски град, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите што ги објави Одделот за шумарство и заштита од пожари на Калифорнија (Cal Fire), пожарот за кој се вели дека е најголем во историјата на државата, во потполност ги уништи домовите и деловните објекти во историскиот град Гринвил.
Големиот пожар, именуван како „Дикси“, кој започна на 13-14 јули во северниот регион на државата, во последните два дена се прошири уште повеќе и почна да им се заканува на голем број населби, иако изминаа три недели од неговото избувнување.
Пожарот потпомогнат од сувиот ветер кој дувал со брзина од околу 64 километри, стигнал до местото Гринвил во планинскиот регион. За кратко време пожарот го зафатил градот, уништувајќи стотици куќи и згради, вклучувајќи и ресторани, бензински пумпи, цркви, хотели и музеи.
Даг Ламалфа, кој го претставува регионот во Американскиот конгрес, на социјалните мрежи објави: „Оваа вечер го загубивме Гринвил. Нема зборови што можат да се кажат.“
Поради други активни шумски пожари во регионот, евакуирани се голем број населени места, а вулканскиот национален парк „Ласен“ е затворен за посетители.
- Пожарите предизвикаа големи штети предизвикани и во околните сојузни држави
Во најсушниот период од годината, западниот дел на САД е зафатен од големи пожари, при што, освен Калифорнија, и сојузната држава Орегон е исто така место зафатено од најголемите шумски пожари во земјата.
Повеќе од 41.300 хектари земја беа целосно уништени во пожарот што започна на 6 јули во регионот Бутлег. Околу 84 проценти од пожарот се ставени под контрола.
Шумските пожари, кои истовремено избувнаа во двете соседни држави и сѐ уште не можат да се изгаснат, негативно влијаеја и на квалитетот на воздухот во регионот.
Американскиот Национален меѓуагенциски противпожарен центар објави дека повеќе од 300.000 хектари земја се претворени во пепел во повеќе од 37.000 пожари низ целата земја од почетокот на оваа година досега.