свет

Сириските сили приведоа висок лидер на ДЕАШ во околината на Дамаск

- „Операцијата доведе до приведување на Таха ал-Зуби, познат и како Абу Омар Тибија, заедно со неколку негови помошници. Безбедносните сили запленија и самоубиствен елек и воено оружје“, соопшти бригадниот генерал Ахмад ал-Далати.

Mohammad Sıo  | 25.12.2025 - Обновена : 25.12.2025
Сириските сили приведоа висок лидер на ДЕАШ во околината на Дамаск

ИСТАНБУЛ (АА) – Сириските безбедносни сили приведоа висок лидер на ДЕАШ во околината на Дамаск во операција спроведена во координација со меѓународната коалиција против терористичката организација, соопшти доцна синоќа Министерството за внатрешни работи, јавува Анадолу.

Специјализирани единици, во соработка со Генералната разузнавачка управа и коалициските сили, извршија тесно координиран напад врз скривалиште на ДЕАШ во градот Моадамија по интензивен надзор и разузнавачко следење, соопшти Сириската арапска новинска агенција (САНА), цитирајќи го бригадниот генерал Ахмад ал-Далати, шеф на внатрешната безбедност во околината на Дамаск.

„Операцијата доведе до приведување на Таха ал-Зуби, познат и како Абу Омар Тибија, заедно со неколку негови помошници. Безбедносните сили запленија и самоубиствен елек и воено оружје“, рече Далати.

Тој го опиша апсењето како „голем удар“ врз терористичката организација, велејќи дека тоа ја покажува подготвеноста на безбедносните агенции на Сирија да се соочат со каква било закана за главниот град и неговата околина.

Безбедносниот официјален претставник предупреди дека секој што ќе се придружи или ќе ѝ помогне на ДЕАШ ќе биде гонет и ќе биде повикан на одговорност, велејќи дека нема да има безбедно засолниште за тероризмот во Сирија.

Министерството за внатрешни работи во неделата соопшти дека разбило ќелија на ДЕАШ во градот Дараја, исто така во близина на Дамаск, и привеле седум членови.

Сирија официјално се приклучи на меѓународната коалиција предводена од САД против ДЕАШ на 12 ноември, според соопштението на Амбасадата на САД во Дамаск. Коалицијата е формирана во 2014 година и спроведува воени операции против ДЕАШ во Сирија и Ирак, иако Дамаск претходно не беше член.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın