свет

Илјадници луѓе маршираа боси за мир во Камбоџа додека продолжуваат судирите со Тајланд

- Маршот се одржа паралелно со првите воени разговори меѓу двете земји, кои се одржаа во тајландската провинција Чантабури, по обновените судири што започнаа на 8 декември.

Aida Cako  | 25.12.2025 - Обновена : 26.12.2025
Илјадници луѓе маршираа боси за мир во Камбоџа додека продолжуваат судирите со Тајланд

СИЕМ РEAП (АА) – Илјадници луѓе, меѓу кои и монаси, носеа цветови од лотос, камбоџиски и будистички знамиња, марширајќи боси во должина од 3,3 километри во градот Сием Реап, повикувајќи на мир, во време кога Камбоџа и Тајланд започнаа разговори за можен прекин на огнот, јавува Анадолу.

Маршот се одржа паралелно со првите воени разговори меѓу двете земји, кои се одржаа во тајландската провинција Чантабури, по обновените судири што започнаа на 8 декември. Според порталот Тај енквајрер, бројот на загинати на двете страни се искачил на неколку десетици.

Средбата, која траела помалку од еден час, претставува први директни воени разговори од почетокот на најновата ескалација.

Засега нема официјално соопштение од ниту една од страните за исходот од состанокот.

Според јавниот радиодифузер ТАЈ ПБС, преговорите меѓу двете армии ќе продолжат до петок. Камбоџа претходно инсистирала разговорите да се одржат во Малезија, но предлогот бил одбиен од Тајланд.

Тајландската страна најавила дека ќе ги отвори прашањата за поставување копнени мини, историските локалитети, цивилните објекти и заедниците за кои тврди дека се користат како воени позиции.

В сабота е планиран состанок на Генералниот граничен комитет, со кој ќе копретседаваат министрите за одбрана на двете земји, по завршувањето на средбите на секретаријатско ниво. Тајланд, сепак, соопшти дека нема да продолжи со состанокот ниту да потпише договори доколку не се постигне согласност за клучни технички рамки, вклучително и распоредот на трупите и конкретните мерки за обезбедување прекин на огнот.

Камбоџиското Министерство за одбрана соопшти дека тајландските сили испукале две гранати кон областа Појпет, а подоцна уште една граната кон провинцијата Бантеј Меанчеј, при што биле повредени двајца цивили, пренесува „Кмер тајмс“. Според истите извори, тајландските сили отвориле оган во близина на храмот Преах Вихеар, додека камбоџиските сили возвратиле со ракети БМ-21.

Според камбоџиските власти, тајландските сили отвориле оган и во близина на храмот Преах Вихеар и областа позната како Планината Духови, додека камбоџиските сили возвратиле со ракети од типот БМ-21.

Тајланд во вторникот соопшти дека неговите трупи уништиле два објекта во камбоџискиот граничен град Појпет, за кои тврдат дека се користеле за сместување измамници и складирање муниција, јави јавниот сервис „Тај Пи-би-ес“.

Тајландските сили, исто така, соопштија дека судирите продолжуваат на три точки покрај границата со Са Каео во средата, според веб-страницата „Нејшн“.

Според камбоџански извори, тајландски борбени авиони извршиле воздушни напади врз провинциите Бантеј Меанчеј и Батамбанг, при што видеоснимките од камбоџанска страна прикажуваат студенти кои панично бегаат во Батамбанг.

Тајландските власти соопштија дека во судирите загинале 23 тајландски војници и еден цивил, додавајќи дека уште 33 цивили го загубиле животот како „колатерална штетa“.

Од друга страна, Министерството за внатрешни работи на Камбоџа соопшти дека загинале 21 камбоџиски цивил, а 83 биле повредени.

Според официјалните податоци, од почетокот на судирите речиси еден милион луѓе биле раселени од двете страни на границата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın