свет

Грција: Судири на одбележувањето на годишнината од убиството на тинејџер

Во Атина, многумината млади луѓе запалија канти за ѓубре и фрлаа камења во нередите. Приведени се најмалку 15 лица

Ekip  | 07.12.2019 - Обновена : 07.12.2019
Грција: Судири на одбележувањето на годишнината од убиството на тинејџер (Foto: Ayhan Mehmet/ Anadolu Agency)

АТИНА (AA) – Во Атина и во Патрас, Грција, синоќа се случија судири по протестите одржани по повод 11-годишнината од полициското пукање во тинејџер, што предизвика нереди. Во судирите се повредени две лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во Атина, многутемина млади луѓе запалија канти за ѓубре и фрлаа камења во нередите. Приведени се најмалку 15 лица. Властите соопштија дека во Парас две лица се повредени, додека двајца осомничени се уапсени, а уште 20 лица се приведени на информативен разговор. Во Патрас, кој е оддалечен 210 километри од Атина, демонстрантите фрлаа и Молотови коктели на полицијата, па дојде до остри судири.

Полицијата соопшти дека околу 5.000 луѓе, повеќето млади од анархистички движења, учествуваа во вчерашниот протест во Атина. Претходно, во главниот грчки град околу 2.000 луѓе присуствуваа на собирот на пладне што го организираа студентите.

Протестни маршеви одржани се во петокот и во вториот по големина град во Грција, Солун, како и во уште некои градови во знак на сеќавање на смртта на 15-годишниот Александрос Григоропулос, кој полицаец го усмрти во текот на уличната расправија во центарот на Атина на 6 декември во 2008 година.

Нередите што следуваа во Атина и во другите градови траеја речиси две седмици и беа најголеми во последните неколку децении. Полицискиот службеник, кој е осуден на затвор за убиство, пуштен е на слобода кон почетокот на оваа година откако со жалбена постапка му е намалена казната.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın