Ekipa
08 Декември 2024•Ажурирај: 10 Декември 2024
ХАМА (АА) - Сириските антирежимски сили денес го зазедоа затворот во Хама, откако ја презедоа контролата врз градот и ослободија речиси 3.000 затвореници, јавува Анадолу.
Некои од затворениците, наводно, биле држени од режимот речиси 40 години.
Вооружените групи кои го соборија режимот на партијата Баас почнаа со судирите против режимските сили во западното рурално подрачје на Алепо утрото на 27 ноември.
Групите прво воспоставија контрола врз Алепо, а потоа набрзо ја преземаа контролата врз градовите Идлиб, Хама и Хомс, а утрово го зазедоа и главниот град Дамаск.
Додека антирежимските вооружени групи почнаа да навлегуваат во главниот град Дамаск, режимот на Асад утрово брзо ја изгуби целата контрола над Дамаск, и режимот на Баас во Сирија падна.