свет

Сириецот Ахмед, кој го неутрализира напаѓачот во Австралија, мора да се подложи на неколку операции

Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, го посети Ахмед во болница

Aynur Şeyma Asan  | 15.12.2025 - Обновена : 16.12.2025
Сириецот Ахмед, кој го неутрализира напаѓачот во Австралија, мора да се подложи на неколку операции

АНКАРА (АА) - Родителите на Ахмед ал-Ахмед, Сирецот кој храбро интервенираше во вооружениот напад на плажа во Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија, во кој загинаа 15 лица, и разоружа еден од напаѓачите, кажаа дека нивниот син треба да се подложи на уште неколку операции, јавува Анадолу.

Таткото на Ахмед, Мухамед Фатих ал-Ахмед, и неговата мајка, Малика Хасан ал-Ахмед, за „Еј-би-си њуз“ изјавија дека го сметаат својот син за „херој“ затоа што неутрализирал еден од напаѓачите во вчерашниот вооружен напад.

Неговите родители изјавија дека Ахмед бил застрелан четири или пет пати и дека ќе му бидат потребни неколку операции бидејќи некои куршуми сè уште не биле отстранети од неговото тело.

Родителите на Ахмед, кои кажаа дека пристигнале од Сирија пред неколку месеци и дека нивниот син живее во Австралија од 2006 година, изјавија дека се молат за закрепнување на Ахмед.

„Тој видел како луѓе умираат и кога на вооружениот човек му снемало куршуми, му го зел (оружјето), но и самиот бил застрелан“, изјави мајката на Ахмед, Малика Хасан ал-Ахмед.

Во врска со инцидентот каде што нејзиниот син Ахмед бил застрелан во рамото од втор напаѓач додека интервенирал во нападот, неговата мајка изјави дека добила вест дека Ахмед бил „застрелан во несреќа“ и дека била многу вознемирена.

Семејството на Ахмед кажа дека тој има две ќерки, на возраст од 3 и 6 години, нагласувајќи дека нивниот син би сакал да ги заштити сите, без оглед на нивните религиозни убедувања.

Таткото на Ахмед, Мустафа Фатих ал-Ахмед, рече дека дознале дека неговиот син слушнал истрели додека пиел кафе со пријател, додавајќи: „(Кога Ахмед интервенираше) Тој не размислувал за потеклото на луѓето што ги спасувал. Тој не прави разлика меѓу нациите. Особено во Австралија, нема разлика меѓу граѓаните“.

Хозај Алканџ, еден од братучедите на Ахмед, исто така изјави дека првата операција на неговиот братучед била успешна.

Алканџ истакна дека Ахмед ќе треба да се подложи на уште две или три операции.

- Премиерот на Нов Јужен Велс, Минс, го посети Ахмед во болница -

Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, сподели фотографија од себе со Ахмед, кого го посети во болницата, на профилот на социјалните мрежи на американската компанија X.

„Ахмед е вистински херој. Синоќа, неговата неверојатна храброст во соочувањето со терорист со голем личен ризик несомнено спаси безброј животи. Беше голема чест да поминам време со него и да ја пренесам благодарноста на жителите на Нов Јужен Велс“, напиша Минс.

- Вооружениот напад во Австралија -

Пукањето се случи вчера на плажата Бонди во Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија.

Полицијата објави дека напаѓачите во вооружениот напад, во кој загинаа 15 лица, а 42 беа повредени, биле татко и син.

Беше објавено дека еден од осомничените починал, а другиот, кој бил повреден, е приведен.

Австралискиот премиер Антони Албаниз на прес-конференција изјави дека нападот бил насочен против еврејските Австралијанци.

Претставниците на муслиманската заедница во Австралија го осудија нападот и изразија солидарност со погодените и нивните семејства.

Ахмед ал-Ахмед, кој храбро интервенираше во вооружен напад и разоружа еден од осомничените, се најде во насловните страници на австралискиот печат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.