Burç Eruygur
02 Ноември 2022•Ажурирај: 03 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Сирени се огласија во неколку региони во централна и источна Украина поради закана од ракетни напади, соопштија локалните власти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Официјалните претставници на регионите Полтава, Харков, Запорожје и Днепропетровск предупредија дека постои голема можност за руски воздушни напади, повикувајќи ги цивилите да се засолнат.
Предупредувањата во Украина се издаваат од локалните власти речиси секојдневно поради можни ракетни и напади со беспилотни летала кои вршат напади врз цивилната и енергетската инфраструктура.
Руските сили извршија нова серија воздушни напади врз Киев и други украински градови во текот на изминатите недели, откако експлозија го погоди клучниот руски Керченски Мост кој води кон полуостровот Крим.
Москва ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина во февруари, која освен жртви и раселувања, доведе до енергетска криза и влијае на глобалната економија.