Zeynep Tüfekçi
04 Април 2018•Ажурирај: 05 Април 2018
ТРИПОЛИ (АА) - Ал Саади Гадафи, синот на убиениот поранешен либиски лидер Муамер Гадафи, е ослободен од обвиненијата за атентат врз тренерот на фудбалскиот клуб „Ал Итихад“, што се случи во 2005 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за правда при Владата на национално единство на Либија соопшти дека судот во Триполи донел ослободувачка пресуда за Ал Саади Гадафи по обвинението за убиство на фудбалскиот тренер.
Меѓутоа, судот му изрече едногодишна затворска казна и парична казна во износ од 376 долари за поседување и консумирање алкохол.
Во соопштението се наведува дека станува збор за првостепена пресуда и дека Гадафи има право на жалба.
Ал Саади беше еден од најблиските соработници на убиениот Муамер Гадафи и против него во Либија се водат уште неколку судски постапки во кои се товари за злоупотреба на позицијата и корупција во периодот на владеењето на неговиот татко.