Riyaz ul Khaliq
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
КАБУЛ (АА) - Најмалку 10 лица загинаа, а повеќе од 65 се повредени во самоубиствениот бомбашки напад, кој следуваше по престрелка во зградата на Министерството за одбрана во Кабул, потврдија официјалните претставници и локалните медиуми, јавува Anadolu Agency (AA).
Според владиниот Медиумски информативен центар во Кабул, самоубиствениот напад се случил во близина на Пул е-Махмуд Хан.
Дописникот на АА ја чул размената на огнот во Одделот за логистика на Министерството за одбрана во подрачјето. Меѓу повредените лица се наоѓаат и деца на училишна возраст.
Според локалното авганистанско радио „Салам“, во нападот загинале најмалку десет лица.
Медиумската куќа „Толо“ објави дека експлозијата се случила во близина на седиштето на Фудбалскиот сојуз на Авганистан и стадионот „Гази“, приватен телевизиски канал и станбени објекти.
Повикувајќи се на изјавите на службениците од Фудбалскиот сојуз, медиумската куќа „Толо“ јавува дека во експлозијата се ранети најмалку 16 вработени во авганистанската куќа на фудбалот.
Експлозијата, исто така, ја оштетила и зградата на Сојузот.
Никој не презеде одговорност за нападот.