Gülşen Topçu
03 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
ТРИПОЛИ
Според првичните сознанија, 30 лица загинаа во нападот на воените авиони на силите од генералот Халифа Хафтар во Либија, врз центрите за засолнување на нерегуларните мигранти во источниот дел на главниот град на оваа земја, Триполи, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за здравство при Владата на национално единство (УМХ) во Либија, Февзи Унејис, во изјава за АА истакна дека авионите на силите на Хафтар извршиле воздушен напад врз центарот за засолнување на нерегуларни мигранти во подрачјето на Таџура.
Унејис информираше дека во нападот животот го загубиле над 30 лица, а дека голем број лица се повредени.
Тој рече дека во овој центар се наоѓаат нерегуларни мигранти со потекло од Африка, Египет и Бенгалскиот Регион во Јужна Азија.
Претседателот на Организацијата за борба против нерегуларната миграција, Ел Мебрук Абдулхафиз, во изјава за либискиот телевизиски канал „Ел Ахрар“ нагласи дека во центарот што бил изложен на воздушен напад живееле околу 120 нерегуларни мигранти.
Се вели дека овој центар е поврзан со баталјонот „Ед Даман“ при либиската Влада на национално единство.