Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Enes Canlı
29 Јули 2019•Ажурирај: 30 Јули 2019
ТРИПОЛИ
Милициите кои се поврзани со Калифа Хафтар, лидерот на вооружените сили од источниот дел на Либија, во Триполи погодија амбуланта при што животот го загуби еден вработен од медицинскиот персонал, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение што на социјалните мрежи го објави портпаролот на операцијата „Буркан ал Гадаб“ (Вулкан на гневот), што ја води Владата на национално помирување на Либија, која е меѓународно призната, се вели: „Милициите на Хафтар нападнаа амбуланта во подрачјето на долината Ер-Реби, додавајќи уште едно воено злосторство во својот регистар на насилства“.
Тој во објавата наведе дека во нападот животот го загубил еден вработен од медицинскиот персонал, не давајќи детали околу начинот на кој е изведен нападот.
Генералот Калифа Хафтар на 4 април издаде наредба за напад, со цел да ја преземе контролата врз Триполи и по речиси 4 месеци и доживеаните загуби, тој се насочи на напади врз цивилни цели.
Воените авиони на силите приврзани на Хафтар кон крајот на неделата бомбардираа полска болница јужно од Триполи. Во нападот загинаа 5 лица, од кои 3 доктори.
- Хафтар во Либија подготвува нови напади
Генерал Калифа Хафтар на 4 април нареди напад на Триполи, главниот град на Либија. По загубата на градот Џирјан, кој беше центар за операции и набавка, Хафтар испраќа пораки дека е на пат да започне нови напади.
Додека Либија се подготвуваше под покровителство на Обединетите нации да организира национална конференција на која ќе учествуваат сите актери во овие судири, Хафтар на 4 април направи еден „изненадувачки“ чекор, издавајќи наредба за напад со цел да го заземе Триполи.
Речиси 2,5 месеци се водат борби за Триполи меѓу вооружените силите приврзани на Владата на национално помирување на Либија, која е меѓународно призната, и силите на генерал Хафтар.
Но на 26 јуни силите на Владата на национално помирување соопштија дека го освоиле градот Џирјан, кој за силите на Хафтар е од големо значење бидејќи го користеа како точка за снабдување.