Elvir Hocic
17 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
ТОКИО (АА) - Јужниот дел на Јапонија утринава беше погоден од силниот тајфун Талим пропратен со силни ветрови и врнежи. Запрен е воздушниот и железничкиот сообраќај, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јапонската метеоролошка агенција јави дека тајфунот со брзина од 162 километри на час утринава го погодил јужниот остров Кјушу и дека постои опасност од појави на цунами, поплави и свлечишта.
Поради силното невреме откажани се речиси 700 летови, а локалната железничка компанија објави дека прометот е прекинат на сите големи линии во регионот.
Метеоролозите најавуваат дека тајфунот треба да продолжи кон север, при што обилните врнежи ќе се „преселат“ и во Токио и другите делови на Јапонија.