Ömer Faruk Yıldız
26 Април 2022•Ажурирај: 27 Април 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека се извршени 164 напади врз здравствените домови во Украина, каде што продолжува војната со Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во Системот за следење на нападите врз здравствените услуги ажурирани се информациите за нападите врз здравствените центри од 24 февруари, кога започна војната во Украина.
Според тоа, од почетокот на војната извршени се 164 напади врз здравствените домови, што резултирало со 73 смртни случаи и 52 повредени.
Во нападите погодени се 149 здравствени згради, 17 здравствени возила и 24 здравствени работници.
Од друга страна, Бану Батнагар, европскиот портпарол на СЗО, нагласи дека СЗО работи со Министерството за здравство на Украина за да го зголеми имунитетот против епидемии како што се мали сипаници, полио, тетанус и Ковид-19, кои имаат потенцијал да се зголемат со започнување на војната.
„Здравствените потреби не запираат за време на војна. Затоа е важно да се одржи имунитетот во регионот“, додаде Батнагар.