Ekipa
24 Септември 2017•Ажурирај: 25 Септември 2017
МАРИБ (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека над 9.500 лица се ранети во судирите во Јемен во текот на оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на СЗО се вели дека организацијата има повеќе од 15 хируршки тимови во 11 провинции во Јемен.
Податоците од Обединетите нации (ОН) покажуваат дека повеќе од 50.000 луѓе се ранети во судирите во Јемен од март 2015 година.