Alma Çekovic
24 Септември 2017•Ажурирај: 24 Септември 2017
ЛОНДОН (АП) - Шест лица се повредени при напад со киселина во Стратфорд, во источниот дел на Лондон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Инцидентот се случи во саботата навечер по локално време, по избивањето на расправијата меѓу две групи на мажи, соопшти полицијата.
Екипите на брзата помош им пружи помош на шестмината мажи на местото на настанот, додека тројца беа хоспитализирани.
Никој од повредените не е животно загрозен, објави (BBC) БиБиСи.
Под обвинение за тешка телесна повреда беше уапсено 15-годишно момче.