Daniel Salgar Antolinez
02 Август 2018•Ажурирај: 03 Август 2018
БОГОТА (AA) – Новинската агенција Anadolu Agency (AA) ја одбележува првата годишнина од почетокот на работата на сопствениот сервис кој произведува вести и други содржини на шпански јазик.
Централната редакција на Сервисот на АА на шпански јазик се наоѓа во Богота, главниот град на Колумбија, а со работа започна на 1 август минатата година.
Тој сервис е еден од 13 сервиси на глобалната мрежа на АА која произведува вести на исто толку јазици. АА има дописници во 86 држави.
Основна задача на редакцијата во Богота е да гради мостови на соработка поради правовремена дистрибуција на точни информации. Како и сите други сервиси, редакцијата во Богота делува двонасочно, односно на шпанското говорно подрачје доставува вести од Турција и од остатоток на светот, а воедно во светот испраќа информации од Колумбија и другите земји во кои се говори шпанскиот јазик.
Редакцијата во Богота има и други задачи кои се однесуваат на јакнење на врските меѓу народите и државите, рушење на стереотипите во новинарството и давање на медиумски простор на оддалечени региони.
Во изминатата година сервисот АА на корисниците им дистрибутирал повеќе од 12.000 вести на шпански јазик и 8.000 фотографии и 1.300 видео снимки од шпанското говорно подрачје.
Покрај шпански, АА минатата година отвори и сервис на индонезиски јазик.
Согласно стратегијата на развојот, АА планира да ја јакне својата глобална мрежа, вклучувајќи и интензивирање на работата на сервисот во Богота.
Аnadolu Agency (AA) е основана во далечната 1920 година и наскоро ќе ја одбележи 100. годишнината од своето работење. Како глобална медиумска куќа, АА дневно, во просек, произведува 1.384 вести, 4.000 фотографии, 400 видео-записи и 6 инфофрафици.