Ekipa
02 Август 2018•Ажурирај: 03 Август 2018
ПАРИЗ (АА) - Француските официјални лица објавија дека на француските Алпи загинаа тројца планинари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ане Мартини од администрацијата на Шамони Мон Блан изјави дека несреќата се случила утрово, кога попуштиле клиновите за качување кои ги користела групата, а кои биле поврзани со јаже. Таа додаде дека сѐ уште не е познат идентитетот на загинатите.
Несреќата наводно се случила во местото Дом де Мијаж, на надморска висина од 3.600 метри. Подрачјето кое е прекриено со снег, се смета за еден од најубавите масиви на Монт Блан.