Ahmad Adil
16 Февруари 2026•Ажурирај: 17 Февруари 2026
ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Пожар избувна во хемиска фабрика во индиската држава Раџастан, при што загинаа седум лица, јавува Анадолу.
Инцидентот се случи во градот Бхивади, каде што во пожарот загинаа седуммина работници, објави државната агенција „Дурдаршан њуз“.
Службеник на противпожарната служба од округот Каиртал-Тиџара, во кој спаѓа и Бхивади, за Анадолу потврди дека операцијата за спасување е во тек и дека се верува оти најмалку двајца работници се заробени внатре.
Премиерот Нарендра Моди преку американската компанија за социјални медиуми X за пожарот рече дека е „трагичен и длабоко тажен“ инцидент.