Furkan Abdula
24 Јуни 2021•Ажурирај: 25 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 10 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.655, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа три лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.481.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 149.933.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 241.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.302 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 863.994 тестирања.