Ekipa
17 Јануари 2022•Ажурирај: 18 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Северна Кореја тестираше две ракети за кои се претпоставува деја се балистички ракети со краток дострел, соопшти денес Војската на Јужна Кореја, што претставува четвртто ракетно тестирање оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Двете балистички ракети се истрелани источно од областа на аеродромот Сунан во Пјонгјанг“, објави новинската агенција Јонхап, цитирајќи го јужнокорејскиот Генералштаб.
„Во моментов, нашата војска ги следи и набљудува движењата на Северна Кореја и ја одржува позицијата на готовност“, се вели од Генералштабот на Јужна Кореја.
Последното ракетно тестирање се случи само три дена откако Северна Кореја соопшти дека тестирала две тактички наведувани проектили од железнички вагони.
Минатата среда, Северна Кореја соопшти дека успешно го извршила последното тестирање на новоразвиената хиперсонична ракета.
Во октомври минатата година, земјата потврди дека развила хиперсонична ракета.
Хиперсоничните ракети обично летаат петпати побрзо од брзината на звукот, или 6.125 километри на час, давајќи им малку време на непријателите за одговор.
Ваквите тестирања на ракети ги поттикнаа САД да воведат санкции за пет лица вклучени во ракетната програма на Северна Кореја.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја рече дека американските санкции се јасна провокација и го критикуваше Вашингтон дека намерно ја влошува ситуацијата.
„Гангстерската логика на САД го доведува во прашање остварувањето на нашето легитимно право на самоодбрана“, се вели во соопштението пренесено од државната Корејска централна новинска агенција.
Официјалниот претставник рече дека поривот на Северна Кореја за оружје од нов тип е само за подобрување на нејзината национална одбранбена способност, а не за негово насочување кон одредена земја или сила.
Во соопштението се предупредува на посилен и појасен одговор доколку САД продолжат со својот „став на конфронтација“.