Zehra Ulucak
05 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - На првиот ден од азиската турнеја на американскиот претседател Доналд Трамп, властите на Северна Кореја упатија остра закана дека Соединетите Американски Држави (САД) би можеле да се соочат со жестока казна поради непријателската политика кон официјален Пјонгјанг, пренесува Anadolu Agency (AA).
Медиумот на владејачката севернокорејска Работничка партија „Rodong Sinmun“ денес објави дека Трамп со „идиотските ставови“ предизвикува силна реакција на Северна Кореја.
И севернокорејската новинска агенција „KCNA“ (КЦНА) ја пренесе пораката на официјален Пјонгјанг, кој го повика официјален Вашингтон да се вразуми, да стави крај на уцените и да се тргне од Кореја.
„Неизвесно е кога Трамп ќе посегне кон одредени нови безобѕирни и непромислени постапки. Единствениот начин неговото однесување да се стави под контрола е со физичка сила да падне на колена. Доколку САД продолжат со напади врз Северна Кореја, ќе се соочат со сигурна и жестока казна. САД нема енергија да го спречи тоа. Подоцна ќе биде доцна за каење“, порачаа властите на Северна Кореја.
Трамп утрово пристигна во официјална посета на Јапонија, а во продолжението на 13-дневната турнеја ќе ги посети и Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипините. Севернокорејската нуклеарна закана е една од главните теми на разговорите со лидерите на Далечниот Исток.