İdris Sülün
10 Август 2021•Ажурирај: 11 Август 2021
СЕУЛ
Ким Јо-јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, вети дека ќе го зајакне офанзивниот капацитет на нејзината земја поради американските и јужнокорејските воени вежби, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Северна Кореја реагираше на почетокот на 4-дневната прелиминарна вежба од страна на американските и јужнокорејските сили во пресрет на вежбата со компјутерска симулација закажана за 16-26 август.
Ким Јо-јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер, оценувајќи ја како „проба за инвазија“ воената вежба меѓу САД и Јужна Кореја, рече дека ќе работи побрзо за да го зајакне офанзивниот капацитет на нејзината земја.
Реагирајќи на одлуката на Јужна Кореја да одржува вежби со САД и покрај предупредувањата на Северна Кореја, Ким рече дека тоа е „измамничко однесување“ што ќе ги изложи сојузничките сили на „посериозна безбедносна закана“.
Меѓу другото, Ким изјави дека вежбите го демонстрираат „лицемерието“ на администрацијата на Џо Бајден, кој предложи да продолжи дијалогот за нуклеарно вооружување.
Таа исто така додаде дека на Корејскиот Полуостров нема да има стабилен мир без американските сили да ги повлечат своите војници и оружје од јужниот дел.
Ким Јо-јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, на 1 август предупреди дека заедничката годишна воена вежба на Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја ќе ја поткопа надежта за создавање добри односи меѓу Јужна и Северна Кореја.