Emel Gözellik
04 Јули 2020•Ажурирај: 05 Јули 2020
АНКАРА (АА) – Претставник од Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека немаат планови да ги продолжат разговорите за нуклеарната програма со Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на новинската агенција „Јонхап“, првиот заменик-министер за надворешни работи на Северна Кореја, Чое СонХуи, истакна дека доколку САД не се откажат од непријателските политики кон администрацијата на Пјонгјанг, земјата не планира продолжување на преговорите за својата нуклеарна програма со САД.
„Дали е можно да се сретнеме или преговараме со Соединетите Американски Држави, кои продолжуваат со непријателските политики кон Северна Кореја, игнорирајќи ги договорите постигнати на претходниот самит?“, праша Чое.
Поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон, во четвртокот изјави дека претседателот Доналд Трамп во октомври, пред изборите, би можел да одржи состанок со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.
Состаноците на работно ниво одржани меѓу двете земји во Шведска во октомври 2019 година, според претставниците на Северна Кореја, се прекинати поради тоа што „Американците продолжуваат со стариот став“.