Dursun Aydemir
04 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
БРИСЕЛ (АА) – Во Брисел се одржаа протести против инфраструктурните инвестиции за 5Г технологијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Група демонстранти, кои се собраа пред централната железничка станица во Брисел, главниот град на Белгија, протестираа против инфраструктурните инвестиции за 5Г - комуникациска технологија од 5-та генерација.
Демонстрантите запазувајќи ја мерката за социјално дистанцирање за заштита од епидемијата на Ковид-19, истакнаа дека новата технологија, за разлика од претходните генерации, ќе произведе поголем електромагнетски бран кој е штетен за здравјето.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Бојкот за 5Г“ и „Стопирајте ја 5Г технологијата“.
Белгија, по Јужна Кореја, е една од првите земји што ја промовираше 5Г технологијата, која предизвика технолошки конфликт меѓу САД и Кина.