Emel Öz Gözellik
24 Мај 2018•Ажурирај: 25 Мај 2018
ПУНЏЕ-РИ (AA) - Северна Кореја започна со уништување на полигоните за тестирање на нуклеарно оружје, на подрачјето на регионот Пунџе-ри, пренесува Anadolu Agency (AA).
Уништувањето на полигоните се врши со експлозив, а овој процес предизвика интерес на голем број медиумски екипи од целиот свет.
Полигонот Пунџе-ри се наоѓа на североисточниот дел на Северна Кореја, а на него се извршени вкупно шест тестирања на нуклеарно вооружување.
Северна Кореја претходно најави дека полигоните за тестирање ќе бидат испразнети и уништени до состанокот помеѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп. Се очекува тие да се состанат на 12 јуни во Сингапур.