Gülşen Çağatay
28 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Кинеските власти ги негираа обвинувањата на меѓународните медиуми за илегална трговија со нафта која ги прекршува санкциите на ОН кон Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ху Чунјинг, на прес-конференција во Пекинг изјави дека земјата ги применува сите неопходни мерки и одлуки донесени од страна на Советот за безбедност при ОН во врска со Северна Кореја.
Советот за безбедност на ОН во септември ѝ забрани на Северна Кореја увоз на природен гас и ѝ го намали увозoт на сурова нафта како одговор на тековната нуклеарна програма на земјата.
Според весникот „Chosun Ilbo“ (Чосун Илбо) во вторникот, извидувачките сателити на САД од месец октомври околу 30 пати забележале кинески бродови што продаваат нафта на севернокорејски бродови.