Gökhan Kavak
28 Декември 2017•Ажурирај: 29 Декември 2017
АБУЏА (АА) - Меѓународниот фонд на ОН за децата (УНИЦЕФ), предупреди дека терористичката организација Боко Харам во 2017 година користела најмалку 135 деца како бомбаши-самоубијци, јавува Anadolu Agency (AA).
„Најмалку 135 деца во Нигерија и Камерун се користени за самоубиствени бомбашки напади. Овој број во однос на минатата година е петпати зголемен“, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.
Наведено е дека децата и оваа година биле изложени на жестоко насилство во зоните на судири. Во земјите како Јужен Судан, Сомалија, Средноафриканска Република, Демократска Република Конго, децата и понатаму се изложени на судири и проблеми со неухранетост.
УНИЦЕФ наведува дека од 2013 година, најмалку 2.300 малолетници биле убиени или ранети за време на судирите во Јужен Судан. Оружените групи дадоа оружје во рацете на најмалку 19.000 млади лица.
Извештајот, исто така го открива и податокот дека во Сомалија во 2017 година најмалку 1.740 деца биле присилно вовлечени во судири.