Muhammet İkbal Arslan
25 Мај 2022•Ажурирај: 26 Мај 2022
ЛЕФКОСА (АА) - Турската Република Северен Кипар го осуди почетокот на сондажа во т.н. Ексклузивна економска зона (ЕЕЗ) прогласена од страна на Администрацијата на кипарските Грци, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ги осудуваме активностите зa сондажа спроведени од Администрацијата на кипарските Грци во еднострано прогласениот таканаречен блок 6“, се вели во соопштението на МНР.
Турското МНР во соопштението наведува дека Администрацијата на кипарските Грци со своите еднострани активности ги крши еднаквите права врз природните ресурси на островот на кипарските Турци и наместо да соработува, предизвикува ескалација на тензиите во Источниот Медитеран и на островот.
Во соопштението се додава дека предлогот на ТРСК кој предвидува „соработка и правичен удел на јаглеводородите“ сè уште е на маса.
„Очекуваме Администрацијата на кипарските Грци позитивно да одговори на нашиот предлог и веднаш да ги прекине своите еднострани активности“, се вели во соопштението.
„Доколку не го стори тоа, како страна на кипарските Турци, ние одлучно ќе продолжиме да преземаме активности за јаглеводородите во блоковите лиценцирани во 2011 година врз основа на нашите вродени права. Не треба да има контроверзии во тоа.“
Администрацијата на кипарските Грци во понеделникот објави дека активностите за сондажа, кои беа одложени од италијанската ЕНИ и француската енергетска компанија „Тотал“, во таканаречениот 6-ти блок на таканаречената ЕЕЗ на Администрацијата на кипарските Грци, продолжиле.
ЕНИ и конзорциумот „Тотал“, незаконски лиценцирани од Администрацијата на кипарските Грци, во мај 2020 година ги одложија активностите за сондажа што Администрацијата на кипарските Грци ги планираше во таканаречениот 6-ти блок поради пандемијата на коронавирусот.