Gözde Bayar
14 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
АНКАРА
Турција изрази поддршка за Турска Република Северен Кипар за време на кризата предизвикана од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во официјалното соопштение издадено од турскиот Директорат за комуникации се вели дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имал телефонски разговор со Ерсин Татар, премиерот на Турска Република Северен Кипар.
Двајцата лидери исто така разговаларе за билатералните односи и регионални случувања, пишува во соопштението.
Во Турција досега се потврдени 1.296 смртни случаи од Ковид-19. Вкупниот број на регистрирани случаи од Ковид-19 во земјата надмина 61.000.
Во Турска Република Северен Кипар досега се регистрирани четири смртни случаи од Ковид-19.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на вирусот кон Европа и САД.
Во светот се регистрирани над 1,93 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот е повеќе од 121.000. Речиси 465.000 пациенти се излекувани.