Betül Yürük
14 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
ЊУЈОРК
По изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека тој има потполно овластување над сите држави за укинување на мерките преземени во рамките на борбата против Ковид-19, реагираше гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо одговарајќи му дека Соединетите американски држави немаат крал, јавува Агенција Анадолија (АА).
Куомо на прес-конференцијата истакна дека сака да соработува со Трамп, а не да се расправа во време на борбата против коронавирус.
На изјавите на Трамп дека поседува овластувања за укинување на мерките против Ковид-19 во сите американски земји, Куомо упати прилично краток и остар одговор.
„Ние немаме крал. Сега не е време за расправии и политички кавги. Доколку Трамп сака да се расправа со некој, тоа нема да бидам јас“, изјави гувернерот на Њујорк.
Наведувајќи дека иако графичкиот приказ на пандемијата покажува дека бројот на заразени лица со Ковид-19 се намалува, Куомо потсети дека во Њујорк во последните 24 часа починале 778 лица, а вкупниот број на починати изнесува 10.834.