Dildar Baykan
14 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
ВАШИНГТОН
Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу изјави дека Советот за безбедност на ОН задоцнил со разгледувањето на прашањето за Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу на панелот „Што да сториме денес за да го одредиме утре?“, кој е организиран од страна на „Atlantic Council“ и турското здружение THO во Вашингтон, зборуваше за борбата на Турција против ширењето на Ковид-19.
Тој наведе дека Ковид-19 го подложил целиот свет на „стрес-тест“, и додаде дека пандемијата укажала на слабите точки и посилната страна на сите нас.
Зборувајќи за ситуацијата во Идлиб која е влошена со појавата на пандемијата, Чавушоглу ја повика меѓународната заедница да реагира пред да биде предоцна за Сирија и Идлиб.
Тој изјави дека решавањето на судирите како оние во Сирија и Либија, добиле поголемо значење за време на пандемијата.
„Доколку судирите на Средниот исток продолжат никој нема да победи, но сите ќе изгубат“, заклучи Чавушоглу.