Ekipa
02 Септември 2018•Ажурирај: 03 Септември 2018
КАБУЛ (АА) - Авганистански официјални лица информираа дека во воена база се урнал хеликоптер. Во несреќата животот го загубил еден странски пилот и двајца авганистански војници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на авганистанската војска, мајор Ханиф Резаи, наведе дека во падот на хеликоптерот, покрај тројцата загинати, повредени се уште три лица, од кои едниот е вториот странски пилот. Тој информираше дека хеликоптерот паднал набргу по полетувањето во воената база сместена недалеку од градот Мезар-и Шериф.
Мајорот Резаи додаде дека хеликоптерот се урнал поради технички проблем и се запалил по падот на земја. Тој соопшти дека во моментот на уривањето на хеликоптерот немало непријателски оган.
Од хеликоптерот, без повреди се извлечени уште седум припадници на авганистанските безбедносни сили. Мајорот Резаи не даде информации за идентитетот на странските пилоти.