Zehra Ulucak
25 Јуни 2020•Ажурирај: 26 Јуни 2020
АНКАРА
Брод со 27 патници се преврте во речните води во Кина. Во несреќата животот го загуби едно лице, а девет се исчезнати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави весникот „Чајна дејли“ (China Daily), во раните утрински часови се превртел брод на местото на кое се соединуваат реките Ланчанг и Нанбан во автономниот регион Ксишуангбана Деј.
Спасувачките екипи информираа дека спасиле 17 патници од бродот, нашле едно безживотно тело, а во тек се активности за пронаоѓање на деветтемина исчезнати.