Mesut Zeyrek
06 Декември 2021•Ажурирај: 06 Декември 2021
КЕЛН (АА) - Неидентификувано лице закачило свинска глава на вратата на џамијата „Евинг Слимије“ во Дортмунд, Германија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џамијата функционира во рамките на Турско-исламската унија за верски прашања (DITIB).
Во соопштението на управата на џамијата преку социјалните мрежи се истакнува дека нападот е расистички и одвратен, и се порачува дека таквите напади нема да ги заплашат.
„Овој одвратен чин најостро е осуден од нашиот управен одбор“, се наведува во соопшението.
Оттаму истакнуваат дека ксенофобијата, антиисламизмот и десничарскиот екстремизам не можат да ги спречат жителите на Дортмунд и Евинг да живеат во мир.
Се заблагодарија и на градоначалникот на округот Евинг, Оливер Стенс, и на заменикот на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Волкан Баран на поддршката.
На безбедносната камера се гледа како непознато лице во 04:32 часот наутро доаѓа до вратата на џамијата, закачува свинска глава и се фотографира со неа.