Bedrudin Brlyavac
22 Јуни 2018•Ажурирај: 22 Јуни 2018
НИЖНИ НОВГОРОД (АА) - Репрезентацијата на Хрватска во 2.круг на групата „Д“ на Светското првенство во Русија на стадионот „Нижни Новгород“ ја совлада Аргентина со резултат 3:0 и се пласираше во осмина финалето, јавува Anadolu Agency (AA)
Двете екипи имаа по неколку можности во првиот дел од играта, но на пауза отидоа без голови.
Хрватска водеше во 53. минута со голот на Анте Ребиќ кој погоди по голема грешка на аргентинскиот голман Caballera.
Хрватите во 80.минута ја удвоија предноста со фантастичниот гол на Лука Модриќ.
„Огнените“ дојдоа и до третиот гол во втората минута од судиското продолжение, а стрелец беше Иван Ркитиќ со асистенција на Матео Ковачиќ.
Хрватска со две победи веќе по 2.круг обезбеди премин во осмина финалето, додека Аргентина ќе чека расплет во последниот круг бидејќи моментално имаат само еден бод.