Mahmut Geldi
30 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
ШАБВА (AA) - Петнаесет војници загинаа во самоубиствениот напад извршен со возило-бомба во јеменската област (мухафаза) Шабва, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од воени извори, самоубиствениот напад е извршен на безбедносната контролна точка во Шабва, којашто се наоѓа во јужниот дел на земјата. Се сомнева дека нападот е извршен од страна на терористичката организација Ал Каеда, при што загинале голем број припадници на „Елитните единици на Шебвение“.
Претставниците на државната болница „Атак“ што се наоѓа во овој град, истакнаа дека по извршениот напад, 15 тела на припадници на „Елитните единици на Шебвение“ поддржани од страна на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), биле донесени во болницата.
„Елитните единици на Шебвение“ се формирани во 2015 година и се поддржани од страна на ОАЕ, додека нивните припадници се обучувани во камповите на коалициските сили предводени од страна на Саудиска Арабија. Овие сили се позиционирани во подрачјата на Шабва, каде што Ал Каеда е активна.