Aladdin Hıdır,Safiye Karabacak
05 Ноември 2019•Ажурирај: 06 Ноември 2019
РИЈАД (АА) - Потпишан е Договорот на Ријад кој се очекува да стави крај на кризата меѓу Владата на Јемен и сепаратистичкиот Јужен транзиционен совет поддржан од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата за потпишување на овој договор се одржа во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, додека договорот го потпишаа вицепремиерот на Јемен, Салим ел Ханбеши и претставникот на Јужниот транзиционен совет, Насир ел Хабџи.
На оваа церемонија беа присутни претседателот на Јемен, Абдурабу Менсур Хади, саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Селман и престолонаследникот на Абу Даби, принцот Шејх Мухамед бин Зајид Ал Нахјан, како и јеменски, арапски и странски политичари.
Покрај главните точки, во договорот се наоѓаат дополнителни дочки во врска со политички, економски, воени и безбедносни регулативи.
- Настани во Југот
Трупите наречени Хизам Емини, при Јужниот транзиционен совет поддржан од ОАЕ, на 10 август ја зазедоа контролата врз привремениот главен град на оваа земја, Аден, а потоа и во Ебјен и Шебве.
Како резултат на судиритие во регионот, владините сили повторно ја зазеде контролата врз овие градови, но по воздушните напади на ОАЕ, Аден како и Зенџибар кој е централно подрачје на Ебјен повторно влезе под контрола на силите при Јужниот транзиционен совет.
Откако Јужниот транзиционен совет ја зазеде контролата врз Аден и околните подрачја, Саудиска Арабија упати апели до соетот и владата за дијалог.