İdris Okuducu
05 Ноември 2019•Ажурирај: 06 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (AA) - Најмалку 254 лица загинаа, а илјадници демонстранти се повредени во текот на антивладините протести во Ирак кои почнаа на 1 октомври оваа година, соопшти Мисијата на Обединетите нации (ОН) во Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на ОН, насловен „Ирачки протести од 25 октомври до 4 ноември" се наведува дека во другиот бран протести, кои почнаа во Багдад и во централните и во јужните делови на земјата, животот го загубија најмалку 97 демонстранти, како и дека илјадници демонстранти се повредени.
Другиот бран протести започна на 25 октомври а од ОН наведуваат дека во тој период е забележан значителен број кршења на човековите права во текот на интервенциите на протестите. Најмалку 16 лица го загубија животот поради солзавец кој на протестите го употребија безбедносните сили.
„Не постои никакво оправдување за тоа што безбедносните сили користат солзавци против вооружените демонстранти", се наведува во изјавата на Даниел Бели, шефицата на Кабинетот на ОН за заштита на човековите права.
ОН претходно го објави извештајот „Ирачките протести од 1. до 9. октомври", а таму е наведено дека во спомнатиот период загинаа најмалку 157 демонстранти, а повредени се 5.494, од што може да се заклучи дека во текот на антивладините протести ширум Ирак до сега загинаа најмалку 254 лица.
Високата стапка на невработеност, корупцијата и сѐ потешката безбедносна и економска ситуација се повод за антивладините протести во Ирак.