Muhammed Enes Can
30 Јули 2016•Ажурирај: 31 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на истрагата предводена од Главното републичко обвинителство во Истанбул во врска со обидот за државен удар во Турција, беше одлучено да се ослободат 758 војници кои биле во притвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дел од истрагата повторно се испитани 989 војници, меѓу кои беа и учениците на Академијата. Обвинителите кои ги испитуваа приведените војници бараа ослободување на 758 испитани војници.
Барањата ги разгледуваше судот во Истанбул и, меѓу другото, утврдено е дека времето поминато во притвор е сразмерно во однос на она што е направено и она за коешто се обвинети. Предвид е земена состојбата од ноќта на 15 до 16 јули, ситуацијата во земјата, но исто така и позицијата на војници во која се наоѓаат.
Исто така, 231 војник остануваат во притвор.
Членовите на турските вооружени сили лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ на 15 јули се обидоа со воен удар да ја срушат легалната и легитимна власт во земјата. Обидот за државен удар беше задушен истата ноќ кога илјадници луѓе излегоа на улиците и со помош на безбедносните сили ги запреа пучистите.