Ekipa
30 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Руски воен авион пресретна и на мало растојание се приближи до авион на американската морнарица над Црното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
„Рускиот авион Su-27 го пресретна американското летало EP-3 во меѓународниот воздушен простор над Црното Море“, соопшти Пентагон.
Пентагон, пресретнувањето го окарактеризираше како крајно опасно бидејќи рускиот авион се приближил на 1,5 метри до американскиот и му влегол директно во патеката.
Истакнувајќи дека пресретнувањето траело два часа и 40 минути, од Пентагон е наведено дека руската војска има право на дејствување во меѓународниот воздушен простор, но дека тоа мора да биде во согласност со меѓународните стандарди.
Руското Министерство за одбрана ја потврди информацијата за пресретнувањето на американскиот авион, кој летал како придружба на американската морнарица.
Во соопштението од Мосвка се наведува дека пресретнувањето е завршено кога американскиот авион го променил правецот на летот.