Fatih Hafız Mehmet
30 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
ТРИПОЛИ (АА) - Либиската крајбрежна стража спаси најмалку 120 мигранти од чамец што тонеше во Средоземното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на либиската крајбрежна стража Ал Хади Мохамед Сабрата, за АА изјави дека спасувачките екипи доцна синоќа, во либиските води кај Гарабулија забележале чамец на кој му се заканувало потонување, поради прекумерниот товар.
„Од чамецот беа спасени најмалку 120 мигранти, а повеќето од нив се деца и жени. Станува збор за африкански мигранти кои планирале илегално да отпловат во Европа, а беа вратени во комплексот на либискиот Оддел за борба против илегалната миграција.“
Според податоците на Либиската крајбрежна стража, минатата година најмалку 16.000 мигранти биле спасени во Средоземното Море.
Северното либиско крајбрежје е главната рута на илегалните мигранти на нивниот пат кон Италија.
Тоа стана главна рута во 2011 година, кога Либија доживеа длабока политичка и безбедносна криза од која сè уште не се стабилизирала.